Вести Македонија Топ вести

Поради економската криза преполовени такси компаниите во Штип и Кочани

Педесет проценти од такси компаните во Штип и Кочани згаснале. Здруженијата на такси превозници сметаат дека  енергетската криза, но и високите цени на деловите за нивните возила, како и недостатокот на возачи се причина за замирање на овој бизнис. Во Штип во моментов има само три такси компании, со околу сто возила за превоз на патници.

Штипјани го чувствуваат овој проблем, бидејќи нема ниту и градски превоз. Такси услуги тешко се добиваат за време на викендите, ноќните часови и пазарните денови. Сопствениците на компанииѕте велат дека не можат да најдат возачи, од причина што поисплатливо е да вози камион низ Европа и САД, а летото голем дел заминаа и сезонска работа во Хрватска.

Од Здружението на такси превозници забележуваат дека наесен очекуваат уште поголем удар, со воведување на градски превоз во Штип, како и најавата за користење на возила со еуро пет стандарди.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе