Вести Македонија Топ вести

Струмица на нозе – Гласно „НЕ“ на граѓаните за отворање на рудниците за злато и бакар

Скандирања, свирежи, пароли со народен бунт. Вака беше два часа на главната раскрсница во Струмица. Река граѓани од регионот но и од цела држава дојдоа да кажат дека не дозволуваат отворање на рудник над плодното струмичко поле.

Активистите, пак, гласни веќе шеста година, порачаа дека не се уморни. За нив активизмот ќе заврши со конечното затворање на ова прашање.

Дојдоа и министри од владејачката СДСМ, но и градоначалници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Претходно, министерката Тренчевска одржа прес-конференција пред општинската организација на СДСМ во Струмица. Рече дека одлуката ќе се преиспитува.

На новинарско прашање зошто ќе ја преиспитуваат одлуката што е донесена и покрај што управниот суд не барал такво нешто, министерката Шукова вели дека имало две одлуки на управниот суд.

Денеска ИРЛ објавија дека всушност министерот за економија Бектеши ги измамил колегите, затоа што ова прашање било протнато на спорната владина седница со образложение дека спојувањето на концесиите е на барање на Управниот суд.

Концесионерот Еуромакс, пак, обвинува дека ова е негативна кампања која внесува страв и загриженост кај јавноста. Тие ги повикаа активистите преку дијалог да с еинформираат за сите процеси и предлагаат формирање на „независно тело за мониторинг“ што ќе го следи процесот на реализација и работење на рудникот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе