Вести Свет

Единаесети протест „Србија против насилството“ во Белград

Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на собраќајот по централните улици, дојдоа до Палата на правдата каде говореа истакнати правници, а потоа беше блокиран автопатот кај мостот Газела и блиската Мостарска раскрсница, пренесува МИА.

Акцент на единаесетиот протест Србија против насилството беше ставен на состојбите во правосудството.

Вчера протести против насилството се одржаа во повеќе градови во Србија, Нови Сад, Шабац, Пожаревац, Чачак, Јагодина, Крагуевац, Ниш, Врање, Зајечар, а во четврткот во Сомбор и Крушевац, каде покрај главото барање, во другите градови беа упатувани и барања со локални проблеми.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе