Вести Свет Топ вести

Нови градоначалници во замена за повлекување на мерките на ЕУ за Приштина – Османи ден по хаосот во косовското Собрание

Наесен нови градоначалници во четирите општини со мнозинство српско население на северот на Косово и повлекување на мерките на Европската Унија кон Приштина. Ова се очекувањата на косовската претседателка Вјоса Османи по вчерашниот хаотичен ден во собранието што резултира со два прекина на седницата и интервенција на обезбедувањето. Опозициските пратеници го нападнаа премиерот Курти, пришто првиот пат беше испрскан со вода, а вториот беше погоден со пластично шише во глава. Тие ја блокираа собраниската говорница и истакнаа и транспаренти со монтирани фотографии на Курти и на негова сопартијка со носеви како на Пинокио, со кои се алудираа дека лажат и на кои пишуваше „здраво“ на српски јазик.

Османи притоа истакна дека најдобро би било Србите да поднесат петиција за смена на градоначалниците што, според неа, би било потврда дека ќе учествуваат на повторените избори. Засега нема реакција од Брисел за нејзините очекувања.

На сцените со физички контакти меѓу пратеници од опозицијата и владеачкото мнозинство им претходеа критики на сметка на „Самоопределување“ на премиерот Курти. Пред сè поради разговорот што беше објавен во јавност на кој се слуша пратеничка од „Самоопределување“ како признава дека неколку пати разговарала со Милан Радоичиќ, лице со потерница и потпретседател на Српската листа.

Според Ганимета Муслиу, пратеничка на Демократската партија на Косово, премиерот Курти е „жеден за крв“ и вчера сакал да дојде до крвопролевање.

Од говорницата Курти ги извести пратениците дека 25 отсто од полицијата ќе се повлече од северот на Косово и ќе бидат „распоредени во општинските објекти“.

Тој во средата, најави дека областите со етничко српско мнозинство во северно Косово и ќе одржи нови избори за градоначалник во секој од градовите. Ова ја налути опозицијата која тврдеше дека Курти „експериментирал“ со месеци и ја загрозил меѓународната позиција на Косово за подоцна да се повлече.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе