Вести Свет Топ вести

Евакуирани жители и туристи, зафатени куќи и автомобили, има повредени – голем пожар кај Шибеник

Евакуирани жители и туристи, опожарени неколку куќи и автомобили. Хрватска се бори со првиот голем пожар во летната сезона, а тамошните медиуми јавуваат и за повредени лица. Во Далмација гори на две места – кај Сплит и кај Шибеник, пришто дополнителен проблем за пожарникарите прави силниот јужен ветар кој е закана и по дел од одморалиштата.

Особено е критично во близина на Шибеник, каде дејствуваат 155 пожарникари со 57 противпожарни возила на копно… Од воздух се интервенира со два Ертрактора, а „дигнати“ се и сите пет канадери на хрватското Министерство за одбрана.

Вчера пожар го зафати островот Паг. Огнената стихија беше локализирана со два Канадера, пожарникари, но и со помош на локалното население… Куќите за среќа се одбранети од огнот и немаше повредени. Денеска се работи на целосно гасење по што ќе следува и увид за причините за пожарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе