Вести Свет

Во Србија откриени над 14.000 интернет профили за величење на политиката на Вучиќ

Србија ја тресе голема афера која ја потресе политичката сцена предводена од претседателот Александар Вучиќ. Неодамна, на интернет протече листа од 14.310 профили поврзани со владејачката Српска напредна партија (СНС) на социјалните мрежи Facebook, Instagram, Twitter и TikTok.

На овие профили, ботови поврзани со владејачката партија испраќале пораки и коментари во кои го величаат претседателот Александар Вучиќ и неговата политика.

Од друга страна ги напаѓале и навредувале оние што не го делат истото мислење, особено српската опозиција и демонстрантите кои веќе неколку недели излегуваат на улица и бараат заминување на Вучиќ од политичката сцена.

Спорната листа содржела конкретни имиња на ботови, а идентификувани се 3.162 од нив кои „професионално“ ја вршат оваа работа паралелно со нивното постојано вработување или функција во општеството. Голем дел од нив се вработени во градските администрации, министерства и други државни или локални институции, директори на училишта, професори на факултет и други лица чие финансирање се базира на државниот буџет.

Според пишувањата на српските медиуми, некои од нив добиваат хонорари за оваа услуга за да им помогнат да ја надминат инфлацијата и тешката социјална состојба.

Ботовите се поделени во 4 категории. Првите се класични ботови чија задача е да пишуваат позитивни и поддржувачки коментари за СНС и политичките потези на Вучиќ. Втората категорија се т.н. суперспецијалисти, најчесто вработени во државни и јавни служби, кои реагираат во вонредни ситуации и можат да изразат љубов кон лидерот или омраза кон непријателите.

Третата категорија се хејтерите задолжени да ги навредуваат, омаловажуваат и исмеваат оние што имаат спротивставени мислења за Вучиќ. Четвртата група се навивачи задолжени само да го фалат и промовираат култот на личноста на Александар Вучиќ.

Градовите со најголем број на ботови поврзани со СНС се Крушевац со 87 луѓе, Шабац со 70 и Лесковац со 63 луѓе кои ја извршуваат оваа задача. Меѓу нив има претставници во Градската управа, како и вработени во градската администрација и градските претпријатија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе