Вести Свет

Грција се подготвува за топлотен бран – температурите цела недела над 44 степени

Со состаноци во надлежните Министерства, со препораки до граѓаните за заштита, но и со специјални простории со клима уреди од општините, Грција се подготвува за топлотниот бран „Клеон“ што ќе ја зафати земјата и се очекува, според прогнозите, во периодот од петок до недела температурите да бидат од 42 до 44 степени Целзиусови.

По состанокот во Министерството за труд и социјала на Грција, беше упатена силна препорака до работодавците во периодот меѓу 12 и 17 часот да се намали обемот на работа и/или да се прекине за оние кои работат на отворено или се изложени на високите температури.

Министерството за здравство излезе со препораки и совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури, додека пак Министерството за животна средина и енергетика одржа состанок за да нема проблеми во снабдувањето со електрична енергија и повикаа на разумно користење на електричните уреди во периодот меѓу 20 и 22 часот.

Паралелно, денеска, вонреден состанок ќе се одржи и во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.

Прогнозите во земјата се дека температурата, од утре постепено ќе почне да се зголемува, ќе кулминира за време на викендот, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста топлотниот бран „Клеон“ да трае и една седмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе