Вести Свет

Директорот на БИА, Александар Вулин, ставен на листата на американски санкции

Александар Вулин, директорот на српската Безбедоносно-информативна агенција (БИА) ставен е на листата на санкции на Министарството за финансии на САД.

Следното соопштение беше објавено на веб-страницата на OFAC на 11 јули, пренесува белградски Данас.

Канцеларијата за контрола на странски имот на Министерството за финансии на САД (OFAC) денеска санкционираше поединец во Србија во согласност со Извршниот налог (E.O.) 14033. Именувањето на Александар Вулин (Вулин) ја нагласува решеноста на САД да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во корумпирани работи кои ги унапредуваат сопствените политички агенди и лични интереси на штета на мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Овие коруптивни работи ги олеснуваат злонамерните активности на Русија во Србија и во регионот.

Министерството за финансии нема да се двоуми да ги таргетира актерите кои ги злоупотребуваат своите позиции за лична корист додека го поткопуваат ефективно и демократско владеење на Западен Балкан, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии Брајан Е. Нелсон.

Вулин е директор на Безбедносно информативната агенција на Србија (БИА), а претходно беше министер за одбрана и министер за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

ДУИ смислија ново правило за влез во влада по секоја цена?!

Дејан Дејан

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе