Вести Македонија Топ вести

Оценската мисија на ЕУ се праќа за итни мерки – реномирани експерти ќе ги скенираат проблемите со Судскиот совет

Оценската мисија за Судскиот совет се испраќа поради загриженоста на Европската Унија (ЕУ) за да се дојде до ургентни мерки, смета експертката за ЕУ, Малинка Ристeвска Јорданова. Правни експерти од ЕУ ќе подготват извештај, а препораките можат да станат и дел од редовниот извештај за земјава и од прегоорите.

Оценската мисија која ја најави евроамбасадорот Гир во интервју за Телма е порака до институциите дека ова им е последна шанса да преземат нешто, смета Малинка Ристевска Јорданова. Според неа, оценските мисии се користат често во ЕУ за да се дојде до објективна оценка во одредена област, но и кога има итна потреба како во нашиот сучај.

Според очекувањата на Ристевска Јорданова, реномирани експерти од земјите членки на ЕУ ќе бидат дел до оценската мисија и ќе ги скенираат состојбите со судскиот совет. Ќе имаат средби не само со членовите на Судски, туку и со други релевантни субјекти. Ќе поднесат и извештај, а заклучокот, односно препораките може да станат и дел од преговорите.

Колку извештајот на оценската комисија потсетува на извештајот на ексертитската група на Прибе? – Ристевска Јорданова вели ова е едно ниво помека форма на реакција во споредба со Прибе.

Сега сите очекувања се свртени кон Унијата која, по сите случувања во судскиот совет, не остана само на пораки, туку презема конкретни чекори.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе