Вести Македонија

(видео) Поплавени домови, подруми, гаражи, уништена патна инфрастуктура по вчерашното невреме во тетовските села

Поплавени домови, подруми, гаражи, уништена патна инфрастуктура по вчерашното невреме во тетовските села Непроштено и Теарце. Денес се санираа штетите откако по силниот дожд поголем доток на вода од планината донел наноси од кал и песок по улиците. Жителите велат дека не паметат низ годините наназад за толку кратко време, да наврне толку многу дожд. За еден час, колку што траело невремето, улиците буквално биле претворени во реки, па за да се спречи понатамошно излевање на Непроштенска река, било извршено чистење на коритото и поставување блокади од песок, па денес една од улиците не беше проодна.

Градоначалникот на Општина Теарце, Нухи Незири, вели дека општината работи на планови за изградба на соодветна инфраструктура како би се избегнале вакви штети. Помали штети има и во Лешок, каде денес состојбата е стабилна, а до ЦУК имало дојава за поплава и во село Требош.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе