Вести Македонија

Клинички центар без плати од мај

Заеднички служби на Клинички центар  без плата. Сметката е блокирана. Од таму за Телма велат дека очекуваат проблемот да се надмине идната недела.

-Доцни платата за месец мај 2023 од причина што сметката на установата е блокирана од доверители по различни основи. Се преземаат мерки со надлежните институции и очекуваме проблемот да биде решен во текот на наредната недела, се вели во одговорт на службата  кои го испратија до Телма.

Инаку , ова не е прв пат заеднички служби, да биде со блокирана сметка. Претхдно тие имаа и проблеми поради долгот за струја на  Мајка Тереза поради кој можеше да остане без електрична енергија. Тогаш од службите изјавија дека се потребни повеќе пари кои ќе се распеделат по клиники за да се покрие долгот и на тој начин да се затвори проблемот.

Властите потоа објавија дека ќе се прават анализи за да се реши овој проблем кој со години се провлекува. Но, досега нема никакви  промени во тој дел.

Долгот за струја на клинички изнесуваше над  7 милиони евра, сметки не се плаќале  три години.  За да се спаси Мајка Тереза од мрак, државата плати дел од овој долг.

Инаку, тогаш од заеднички служби на Клинички, изјавија дека тие се посебно тело кое само се финансира и  тие апелираа да се најде начин да се реши еднаш проблемот со оваа служба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе