Вести Македонија Топ вести

Дрво падна врз автомобил во движење, поплавени подвозници и подруми, силно невреме го зафати Скопје

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје. При првиот налет на невремето паднаа и дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, информираат од Центарот за управување со кризи.

Едно од дрвјата во населба „Мичурин“ во Аеродром, падна врз автомобили и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење, појаснуваат од ЦУК.

Како што соопшти УХМР, нестабилно време нѐ очекува и во текот на утрешниот ден.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека по силниот пороен дожд што во попладневните часови го зафати Скопје, на единствениот број за итни ситуации 112 имаат во ЦУК пријавено дека се поплавени неколку подрумски простории на ул. „Јордан Мијалков“, спроти зградата на „Лимак“,  две куќи поплавени во населба Драчево на ул. „Славка Динкова“, големо количество вода во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража на ул. „Антон Попов“. Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот.

Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на ул. „Симеон Кавракиров“, во населбата „Мичурин“ во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила. Во 18.15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна. Истотака имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на Бул. „Св. Климент Охридски“

Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки, а и со надлежни за вакви ситуации од претпријатијата на Град Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе