Вести Македонија

Домашен притвор за Тодоровиќ, затворски притвор за браќата Здравеви и уште двајца осомничени во ФЕНИКС

Сите 6-мина приведени во истрагата Феникс добија притвори, двајца домашен, а 4-ца затвотски притвор.

Поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на Тинекс Владимир Тодоровиќ и уште едно лице добија домашни притвори.

Поранешниот претседавач на Советот на општина Центар Владимир Здравев и неговиот брат Александар се меѓу осомничените кои добија 30-дневен затворски притвор.

Притворот е определен по барање на обвинителството во истрагата за злоупотреби и перење пари при набавка на споменици за проектот Скопје 2014-та.

Од кривичниот суд соопштија:

Судија на претходна постапка, по произнесување на осомничените коие бе спроведени пред судот, во присуство на нивните бранители, во однос на предлогот на ЈО за определување мерка прирвор, донесе решеноја со кои на В.Т. и Т.Д. им определи мерка куќен притвор, додека на Љ.Б.,В.З.,А.З. и З.П. им определи мерка прирвор, за сите во траење од 30 дена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

„Феникс“ – злоупотреби и перење пари преку споменците за Скопје 2014-та

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе