Вести Македонија Најважни

„Феникс“ – злоупотреби и перење пари преку споменците за Скопје 2014-та

Онаму каде што не успеа тимот на Катица Јанева и СЈО да докаже криминал во подигањето на спомениците, обвинителите на новоизбраниот Ислам Абази во обвинителството за борба против организиран криминал со кодно име „Феникс“ возобновија истрага стара 7 години за криминал од пред 15.

„Воинот на коњ“, „Гемиџиите“, „Основачите на ТМРО“, Даме Груев, лавовите не биле само декор во барокот на Скопје 2014-та туку пералница на пари на поединци од тогашната партија на власт ВМРО- ДПМНЕ. Списокот на осомничени го предводи Никола Груевски, а за прв пат во истраги поврзани со оваа партија се појавува Зоран Ставревски, негов кум и одговорен за државната каса.

Според шемата тој одобрувал буџетски средства со поттик на Груевски, кои понатака Министерсвото за култура, со кое раководела Елизабета Канчевска Милевска, сега осомничена, ги трансферирало до општина Центар.

Токму двајцата главни општинари од тој период, градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кој синоќа е фатен на аердором и претседателот на советот Владимир Здравев, кој планирал бегство преку граничниот премин Табановце, сториле злоупотреба на службената положба и создале можност да се трошат десетици милиони евра преку општината на веќе договорените споменици.

Но, и спомениците биле со лажно потекло. Наводно во Италија, се лееле во овдешни подруми и работилници, а три италијански фирми издавале дебели фактури. Потоа, на парите им се губи трага.

Тодоровиќ и Здравев мораат да бидат во Шутка, бара обвинителството, но и четворица други вплеткани во криминалот на Феникс.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе