Вести Македонија Топ вести

Не оправдувам оценки на поединец за работа на било која институција – Ковачевски за перцепцијата на Груби за ДКСК

Антикорупциската комисија е независна институција во рамки на системот на институции во државата и тие се избрани од страна на собранието и одговараат пред собранието, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата, запрашан за оценката на Артан Груби за работата на антикорупционерите.

Тој порача дека никогаш не се водел, не давал и не се согласувал со паушални оценки кои што се дадени од било кој поединец за работа на било која институција и секогаш се залагал и се придржувал за оценување на работата врз основа на процедура која што е пропишана.

„Кај Антокорупциската комисија тоа е пропишано со извештај кој што тие го доставуваат до собранието и кој што се разгледува во рамки на соодветните тела и на пленарна седница на собранието на Република Северна Македонија. Затоа, единствено меродавно тело кое што може да даде оценка врз основа на фактите, врз основа на перформансите на било која институција, а овде се мисли на Антокорупциската комисија, е собраниската комисија. Лично квалификации и лични оценки не сум давал и не оправдувам кога некој друг дава. За мотивот зошто некој дава оценка за некоја институција, ќе мора да го прашате човекот кој дал таква квалификација“, изјави Ковачевски.

Антикорупциската комисија, нагласи Ковачевски, има поддршка од влада. Во тој контекст, премиерот истакна дека за првпат им биле обезбедени соодветни простории за извршување на нивната работа, во кризна година бил зголемен буџетот на ДКСК и беше обезбеден зголемен број на вработувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе