Вести Македонија Топ вести

И Груевски и екс министри за култура и за финансии се опфатени со истрагата за која е приведен Тодоровиќ – Обвинителството најави прес

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој моментно е во Будимпешта по азилот што го доби од унгарските власти, е опфатен со истрагата за злоупотреба на службената положба и перење пари за елементи од проектот „Скопје 2014“. Истрагата опфаќа и поранешен министер за култура и за финансии и двајца градоначалници на Центар. Обвинителството најави прес-конференција во 13 часот.

Истрагата е раширена на вкупно 15 лица. Дел од нив се приведени, како Владимир Тодоровиќ, екс градоначалник на Центар и газда на ланецот маркети „Тинекс“, поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, потоа Тодор Делјановски, Игор Секуловски и Љупчо Бакев.

Според информациите на ТВ Телма, за полицијата засега се недостапни Златко Панов и Александар Здравев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе