Вести Свет Топ вести

Си-Ен-Ен: САД знаеле за планот на Вагнер, но тајната ја криеле од сојузниците во НАТО

Американските разузнувачи имале прецизни информации за саботниот бунт на Евгениј Пригожин против руските власти и точно знаеле каде и како ќе напредуваат единиците на „Вагнер“, објави „Си-Ен-Ен“.

Притоа се наведува дека САД не сакале да ги споделат таквите разузнувачки податоци со сите сојузници на НАТО, освен високи британски службеници кои имале увид во документите. Извори за „Си-Ен-Ен“ рекоа дека не било јасно кога точно Пригожин ќе делува, но како можна причина за бунтот ја наведуваат изјавата на руското Министерство за одбрана од 10 јуни во која се порача дека сите приватни воени компании, вклучувајќи го и „Вагнер“, ќе мора да потпишат договори со руската војска.

Разузнавачките информации биле толку тајни што во САД било испратено само до највисоките административни службеници, како и група од осум членови на Конгресот, кои имаат пристап до најчувствителните разузнавачки работи.

Тајноста околу разузнавањето беше причината зошто некои високи европски функционери, па дури и високи функционери низ американската влада, беа изненадени од нападот на Пригожин во петокот и брзината со која силите на Вагнер маршираа кон Москва, изјавија извори за Си-Ен-Ен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе