Вести Свет Топ вести

ФСБ ја затвори кривичната постапка против борците на „Вагнер“ кои учествуваа во бунтот

Кривичната постапка против бунтовниците на „Вагнер“ е затворена, објавија сите три руски новински агенции, повикувајќи се на безбедносната служба ФСБ. „Ројтерс“ го цитира руското издание РИА Новости и наведува дека случајот е отфрлен, бидејќи „учесниците ги прекинаа акциите кои биле директно насочени на извршување на злосторства“.

„Во текот на истрагата за кривичниот предмет кој на 23 јуни ја почна истражното одделение на ФСБ на Руската Федерација по член 279 од Кривичниот законик на Руската Федерација за вооружен бунт, е утврдено дека неговите учесници ги запреа активностите на 24 јуни кои беа директно насочени на извршување на кривично дело. Имајќи ги во предвид овие и други околности од значење за истрагата, истражниот орган на 27 јуни донесе решение за затворање на кривичното дело“, соопшти руската Служба за безбедност, пренесува РИА Новости.

Во саботата вечер во Ростов на Дон, штабот на Јужниот воен округ го зазеде паравоената формација „Вагнер“. Тоа се случи во сенка на изјавите на Евгениј Пригожин за наводни ракетни и бомбашки напади на Вооружениет сили на Русија врз кампови на „Вагнер“, што беше негирани од руското Министерство за одбрана и од ФСБ.

Против Пригожин беше отпочната кривична постапка за организирање на вооружен бунт. Рускиот претседател Владимир Путин за постапките на бунтовниците рече дека се злосторничка авантура, забодување на нож во грбот на Русија и предавство која довела до претерани амбиции и лични интереси.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, во договор со Путин, разговараше со Пригожин, кој го прифатил неговиот предлог за запирање на движењето во Русија и да се преземат натамошни чекори за деескалација. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков подоцна изјави дека Пригожин ќе замине во Белорусија, а кривичната постапка ќе биде повлечена, а како гаранција за тоа го наведе дадениот збор на Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе