Вести Свет Топ вести

Синдикатот на УЈП ќе бара нов медијатор, двете страни согласни дека штрајк не треба да има

Генерален штрајк во УЈП засега нема да има, процесот на медијација сеуште не е започнат и ќе се пролонгира за неколку дена бидејќи е потребно да се назначи нов медијатор. Синдикатот на УЈП останува на ставот дека бараат тоа што им следува согласно закон и Колективен договор, вицепремиерот Битиќи се надева на решение преку процесот на медијација.

Синдикатот на УЈП утре ќе предложи нов медијатор бидејќи веќе прифатениот медијатор бил надвор од државата и роковите одново почнуваат да течат.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека геренален штрајк нема да има и најави дека во четврток на седницата на Економско социјалниот совет ќе се презентира општиот Колективен договор со новата методологија. Не ја исклучува можноста од ново автентично толкување во Собраниетоп како во случајот со финансии.

Синдикатот е на став дека барањата се законски, согласно постоечкиот Колективен договор кој е на сила и дека нема потреба од ново автентично толкување.

Ве меѓувреме протестот на вработените во УЈП продолжува секој ден од 10 – 12 часот а барањето е зголемување на платите за 30 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе