Вести Свет Топ вести

Потврдени обвиненија и укинат притвор – одлуки на Вишиот суд во Краљево за тројцата уапсени косовски полицајци

Вишиот суд во Краљево ги потврди обвиненијата против тројцата косовски полицајци, кои беа уапсени во првата половина на месец јуни, и донесе решение за укинување на притворот, пренесуваат српските медиуми.

Официјална Приштина тврди дека тројцата полицајци се киднапирани од територијата на Косово, додека Белград тврди дека се уапсени на територија на Србија.

Тројцата косовски полицајци се сомничат за кривичното дело „недозволено производство, чување и промет со оружје и експлозиви“ за кое е предвидена затворска казна 12 години.

Меѓународната заедница се обрати со барање до Србија за нивно безусловно ослободување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе