Вести Свет Топ вести

Нетанјаху против „нелегално грабање земјиште“ во Западен брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се изјасни против повиците на доселениците на окупираниот Западен Брег за незаконско одземање на земјиште без одобрение и дозвола.

Неговите политички партнери го информирале дека доселениците „брзаат кон врвовите на ридовите“ за да ги населат но Нетањаху вели тоа може да го сторат само доколку добијат дозвола.

Соодветниот одговор на теророт е да се бориме против терористите и во исто време да ги продлабочиме нашите корени во нашата земја, дозволите за градба, а нагласувам – одобрените. Повиците за незаконско грабање земјиште и дејствијата за грабање земјиште на незаконски начин – се неприфатливи. Тие го нарушуваат законот и редот во Јудеја и Самарија и мора веднаш да престанат. Не само што нема да ги поддржиме таквите акции, нашето движење цврсто ќе дејствува против нив, порача израелскиот премиер.

Владата на Израел, која вклучува националистички партии кои го поддржуваат населувањето, го олесни добивањето одобрение за сместување на доселениците и одобри градба на илјадници домови за Евреите на спорната територија за која со години се во отворен конфликт со Палестинците кои исто така полагаат право врз ова земјиште.

Изминатата недела на Западниот Брег повторно беа извршени смртоносни израелски напади врз палестински град но и масовен палестински вооружен напад во кој загинаа четворица Израелци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе