Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Руската полиција распоредена пред Вагнер центарот во Санкт Петербург

Руските безбедносни служби одговорија на декларацијата на Пригожин за вооружен бунт со повик за негово апсење.

Пригожин утрово потврди дека тој и неговите војници стигнале до клучниот руски град откако ја преминале границата од Украина.

Kолку сериозно Кремљ ја сфати заканата, покажува и фактот што властите прогласија „контратерористички режим“ во Москва и нејзината околина, дозволувајќи ограничени слободи и зајакнување на безбедноста во главниот град.

Силите на Вагнер одиграа клучна улога во конфликтот во Украина, успевајќи да го заземат градот во кој се водеа најкрвавите и најдолгите битки, Бахмут.

Но, Пригожин сè повеќе ја критикуваше руската војска, обвинувајќи ја за неспособност и „изгладнување“ на неговите трупи со оружје и муниција.

Во петокот, Националниот антитерористички комитет, кој е дел од Федералната служба за безбедност, или ФСБ, го обвини Пригожин за повикување на вооружен бунт, казнив до 20 години затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе