Вести Свет Топ вести

Светската метеоролошка организација предупредува – Европа се загрева најбрзо во светот

Европа треба да се подготви за уште посмртоносни топлински бранови, како последица на климатските промени, се вели во извештајот на Светската метеоролошка организација.Додаваат дека Стариот континент, кој се загрева најбрзо во светот, само минатата година бил околу 2,3 Целзиусови степени потопол отколку во прединудстриската доба. Сушата, рекорно високите температури и досега незапаметеното топење на глечерите се само некои од последиците од климатските промени споменати во извештајот. На европскиот континент, кој од 80-тите години од минатиот век се загрева дупло побрзо од глобалниот просек, минатата година беше забележано најтоплото лето во историјата, а земјите како Фрнација, Холандија, Италија, Португалија, Шпанија и Обединетот Кралство ја забележаат најтоплата година во историјата. Во извештајот насловен „Состојбата со климата во Европа 2022“ се вели дека температурите на целиот континент во последните 30 години, односно од 1991 д 2021 година пораснале за 1,5 степени Целзиусови. Големите горештини лани предизвикаа 16.000 смртни случаи во Европа, а поплавите и бурите се одговорни за штета од над 2 милијарди долари, а сето тоа е последица на климатските промени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе