Вести Свет Топ вести

Курти за германските медиуми: Не сум тврдоглав, туку само принципиелен

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти попладнево се гости во Брисел на средби во четири очи со Жозеп Борел. Но, заедничка, според најавите, ќе нема, туку само одвоени разговори на кои присуствува и специјалниот пратениик на Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Прв кај високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност беше Курти, а во моментот во тек е средбата на Борел со Вучиќ. Детали од првата средба нема, освен кусата изјава на Курти за германските медиуми пред кои изјави дека не е тврдоглав, туку само принципиелен.

Во меѓувреме се огласи и генералниот секретар на НАТО кој апелира до двете страни да се воздржат од провокации и да се вратат на дијалогот со посредство на Европската Унија.

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховерние во пресрет на денешните состаноци во Брисел изрази надеж дека Курти ќе го прифати планот на Унијата со три точки за деескалација на состојбата во земјата. Тие се однесуваат на итно запирање на полициските операции во општините со мнозинско српско население и распишување на вонредни локални избори во четирите општини на северот на Косово.

Ситуацијата на Косово е тензична по бојкотот на Србите на вонредните локални избори на 23 април, а ескалира кон крајот на минатиот месец кога новите градоначалници Албанци влегоа во општинските згради со асистенција на косовските специјалци.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе