Вести Свет Топ вести

Екипажот во „Титан“ е мртов – телата на петмината нема да се извлечат никогаш

Сите пет патници на подморница Титан се мртви,  соопшти американската крајбрежна стража. Заклучокот доаѓа откако во текот на денот пловилото управувано со далечински управувач пронајде пет делови од подморницата, на приближно 480 метри длабочина во Атлантскиот Океан. Откриените делови, меѓу кои и конусот од опашката, им потврдија на експертите да заклучат дека потекнуваат од подморницата Титан, и само ги потврдија сомнежите дека се случила катастрофална имплозија. Не е јасно што би можело да ја предизвика. Но, претпоставката на експертите е дека најверојатно се случил дефект во главното куќиште, по што подморницата била подложна на силен притисок, еднаков на тежината на Ајфеловата Кула, притискајќи го садот со тежина од десетици илјади тони.

Телата на петмината загинати никогаш нема да се извлечат, затоа што тоа би било неверојатен ризик, поради суровите подводни услови кои не простуваат, соопштија од крајбрежната стража.

Подморницата Титан на компанијата „Оушн Гејт“ ја загуби врската со матичниот брод во неделата, речиси два часа откако го почна осумчасовното спуштање кон морското дно на Атлантскиот Океан, во обид да стигне до трупот на потонатиот брод Титаник, кој лежи на длабочина од 3.800-тини метри.

Титан на компанијата Оушен Гејт беше единствената приватна подморница која може да се спушти толку длабоко. Новооткриените наводи, сугерираат дека имало значајни предупредувања за безбедноста на пловилото.

Од компанијата „Оушнгејт“ се вели дека „Титан“ е експериментално пловило, а претходните патници открија дека морале да потпишат документ во кој е наведено дека тоа не е одобрено од ниедно регулаторно тело и патувањето може да резултира со физички повреди, инвалидитет, емоционална траума или смрт.

По оваа трагедија, експертите за бродот Титаник апелираат ваквите туристички патувања до трупот на потонатиот брод да се забранат, се додека не се добијат официјални сертификати за дозволено симнување на толкави длабочини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе