Вести Македонија Топ вести

Ковачевски со став дека правосудството е за ремонт

Откако министерот за правда Кренар Лога најави дека бара начин како да го разреши актуелниот состав на Судскиот совет, премиерот, Димитар Ковачевски денеска отиде чекор понатаму и изјави дека на дел од правосудството му е потребен ремонт.

Ковачевски потврди дека со министерот за правда разговарале на оваа тема, но без навлегување во детали, бидејќи, како што рече, министерството на Лога е задолжено за изготвување на концепти, а пратениците за носење на законски одредби во делот на правосудството и на телата кои што ги избира.

Ковачевски, иако смета дека се потребни посериозни промени во правосудството, на став е дека одговорноста мора да биде индивидуализирана, односно дека има личности кои добро си ја вршат работата, но и поединци чии перформанси не се на потребното ниво.

Министерот за правда, пак, вчера најави дека ќе разговара со сите политичките партии за да има законски измени со кои ќе се разреши актуелниот Судски совет. Според него, тоа што се случи во Судскиот совет е загрижувачки и потребно е враќање на судското тело во нормала, кое тој го гледа во престанок на мандатот на сегашните членови на Советот.

Опозицијата пак денеска самата побара оставка од Судскиот совет во целот, но и одговорност од владата за состојбата со Советот.

Контроверзите во Судскиот совет започнаа со разрешувањето на експретседателката Весна Дамева, што по повеќе од еден месец кулминираше со оставки на двајца челнови на Советот од редот на судиите.

Црешата на „случајот на Судски совет“, пак, стави холандскиот амбасадор во земјава, Јирк Копе кој по сите случувања таму рече дека Судскиот совет станало нелегитимно тело, став кој го повтори и денеска.

Во меѓувреме и граѓанските организации кои ја следат работата на правосудството од побараа оставка од сите членови на судското тело.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе