Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ очекува замена на францускиот со германски предлог

Разидувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу Резолуцијата што ја изгласа германскиот Бундестаг прерасна во очекувања на опозициската партија за нов, германски предлог кој би гарантирал поголема заштита на македонскиот идентитет и јазик. Според Мицкоски, оваа резолуција е степен подолу од предлозите на поранешната канцеларка Меркел.

СДСМ во овој документ гледа целосна потврда на посебноста на македонските идентитетски обележја. Заслугата си ја припишува себе си, наспроти пасивноста на ВМРО-ДПМНЕ.

А, Преговарачката рамка што е на сила бара уставни измени до есен. Ковачевски очекува амандманите да ги изгласаат сите партии заедно, како што ВМРО-ДПМНЕ прифатила на лидерската средба.

Мицкоски го чека Ковачевски да одбере една од опциите што тој му ги предложил.

Иницијативата за уставни измени што ја подготви Работната група и ја достави до Министерството за правда, утре ќе биде утврдена на владина седница. Се очекува Парламентот да ја разгледа наредниот месец.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе