Вести Македонија Топ вести

Состојбата со поплавите во државава полека се стабилизира

Поради подобрувањето на временските услови полека се стабилизира водостојот на реките кои во некои критични места се излеаа и предизвикаа поголем број поплави.

Тетовското село Раотинце се опоравува од надојдениот Вардар. Според информациите од ЦУК во селото поплавени се неколку подрумски простории, повеќе дворови и обработливо земјиште. Во текот на вчерашниот ден беше забележано минимално повлекување на нивото на водата од 10 до 15 сантиметри.

Во Брегалничкиот регион се излеа Кочанска река и ги поплави земјоделските површини, како и куќи и дворови во Облешево.

Нивото на водата во Калиманци, како и во реките Пчиња и Крива река се стабилизира.

Од ЦУК јавуваат и за прекин на сообраќајот на патот Извор- Прилеп поради наноси од земја. За ова како што соопштуваат известени  се ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта од каде соопштија дека денеска ќе излезат на терен за санирање на состојбата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе