Вести Македонија Топ вести

Курто Дудуш: Таткото на Мемет Камбер е пишман што не го пријавил раѓањето на синот според биолошката мајка. Кривична сè уште нема

Седумстотини папки, седумстотини заробени судбини во правни лавиринти кои треба да се решат со новите законски измени. Мемет Камбер почина и остави отворени прашања како лица се раѓале, живееле и умираат во матичната земја, без да станат државјани или како Камбер да не можат да добијат лична карти по основ на адреса.

Триста соседи ја делат неговата судбина само во населбата Шуто Оризари или безмалку половина од вкупниот број. Одат и на училиште, а во училиштниот дневник, нивната дата на раѓање е само со усна потврда и на меѓусебна доверба со родителите. Неправдата „Камбер“ датира од самото негово раѓање. Родителите сториле кривично дело, а властите грешката на ја исправиле 19 години. Сега првите се каат, а надлежните бараат спас.

Каењето нема да ги предомисли министерството за внатрешни работи и обвинителството да го истражат случајот за да се обидат да докажат дека родителите на Мемет сториле кривично дело, пријавувајќи го неговото раѓање на друго лице. Но, засега од МВР има потврда дека случајот се истражува и се собираат докази за да се докаже кривично дело. Дали со Камбер Мемет ќе заврши голготата на 700 лица без државјанствво, кои се родени во земјава ќе се знае од законското решние кое доби зелено светло во парламентот.

„Предлог законските измени се првиот чекор кој требаше да се направи. Се надевам дека до крајот на годината Македонија ќе биде првата земја во Европа која ќе ја надмине состојбата на лица без државјанство,“ порача претставничката на УНХЦР во земјава, Моника Сандри.

Деветнаесетгодишниот Мемет Камбер беше познат на скопјани, но замина по децениска административна борба за лична карта и животот го заврши на 19 години, без можност да ја лекува хроничната болест со привилегии на фондот за здравство како граѓанин роден во земјата со право на сите лични документи.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе