Вести Свет

Израел со намера да одобри илјадници градежни дозволи на Западен Брег

Владата на Израел поднесе планови за одобрување на илјадници градежни дозволи на окупираниот Западен Брег, и покрај притисокот на САД да се запре проширувањето на населбите што Вашингтон го гледа како пречка за мирот со Палестинците.

Плановите за одобрување на 4.560 станбени единици во различни области на Западниот Брег беа вклучени на агендата на израелскиот Врховен совет за планирање што ќе се состане следната недела, иако само 1.332 се на конечно одобрување, а останатите сè уште минуваат низ прелиминарниот процес на расчистување.

Повеќето земји сметаат дека населбите, изградени на земјиште што го зазеде Израел во војната на Блискиот Исток во 1967 година, се нелегални.

Нивното присуство е едно од основните прашања во израелско-палестинскиот конфликт.

Палестинците се обидуваат да основаат независна држава на Западниот Брег и Појасот Газа со главен град источен Ерусалим.

Мировните преговори со посредство на САД се замрзнати од 2014 година…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Струмичко Трибичино за прв пат нема гласачко место, 8-те запишани гласачи гласаат во соседно Едрениково

Дејан Дејан

Гнеотино во Општина Новаци е едно од селата со поголема излезност, но и со повеќе штркови од гласачи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе