Вести Македонија Топ вести

Гаревски: ЕСМ да ги отстрани цевките за топлификација за да може да се работи на санација на „Беласица“

Еден месец затворен сообраќаен крвоток. Мостот „Беласица“ е надвор од функција. Најкраток рок за негово пуштање во употреба е еден месец, а тоа да се случи потребно е ЕСМ веднаш да ги отстрани цевките за топлификација за да може да се работи на санација на мостот, тврди сеизмологот Михаил Гаревски.

Од ЕСМ, пак, уверуваат дека ќе направат напори во најкраток можен рок да заврши отстранувањето на опожарениот топловод.

„Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок“, велат од ЕСМ.

Градоначалничката Арсовска денеска одби да даде изјава. Пред два дена во телевизиско гостување најави дека за една недела мостот „Беласица“ ќе биде пуштен во употреба. Сеизмологот Гаревски контра Арсовска, мостот не е безбеден за сообраќај.

Пред повеќе од месец дена мостот „Беласица“ го зафати пожар, а тогаш градоначалничката Арсовска обвини за саботажа и тврдеше дека некој намерно го потпалил. Експертизата и испитувањата се завршени и се чека официјално извештајот да стигне до градот Скопје за да се почне со санација на мостот „Беласица“.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе