Вести Свет Топ вести

Невремето во Србија поплави над 30 градови – прогласена вонредна состојба

Борбата со излеаните реки во Србија и проблемите што ги носат поројните дождови не престанува. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија. Евакуирани се над 70 луѓе, а во 37 градови и општини е прогласена вонредна состојба.

Во Јагодина реката Белица достигна критично ниво. Два градски моста се затворени за сообраќај и затворени со песочни вреќи.

Во Крагуевац поради обилните врнежи од дожд поплавени се подрумските простории на хируршкиот блок на Ургентниот клинички центар, Ѓачки трг, како и неколку улици во населените места Станово, Грошница и Велико поле. Исто така, синоќа, водата стигнала до влезот во воената фабрика Лепеница.

Поради обилни врнежи утрово непроодни се неколку патни правци во Краљево, каде е урнат и мостот. До Краљево се стигнува преку обиколниот општински пат преку селата Милоча и Сирча.

Градоначалникот на Краљево и шеф на Штабот за вонредни ситуации на тој град, Предраг Терзиќ, најави дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба на целата територија на градот.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе