Вести Свет Топ вести

На административниот премин Јариње стојат 20-тина камиони – многумина се откажаа од чекање поради расипливата стока

Колони камиони со српска роба стојат на административните премини Јариње, Мердаре и Кончуљ по одлуката на Приштина за забрана за минување на српска стока. Вчера се создаде километарска колона на Јариње, но утринава многумина се откажаа од чекање, некои затоа што не знаат кога ќе се промени ситуацијата, некои поради лесно расиплива стока, јавуваат српските медиуми.

На Јариње во моментов чекаат дваесет камиони. По детална контрола на косовската полиција поминуваат само патнички возила и камиони со странски регистарски таблички, а непречено се одвива и автобускиот сообраќај.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе