Вести Свет Топ вести

Детонации на северот на Косово во текот на ноќта

Во текот на ноќта се слушнале детонации во близина на полициските  станиците во Звечан и Северна Митровица, најверојатно се работи за шок бомби. Повредени нема, а оштетено е едно полициско возило, информираше портпаролот на косовската полиција, Ветон Ељшани. Тој додаде дека е каменувано и едно полициско возило, а врз кое била фрлена и шок бомба, отворена е истрага, но се уште нема осомничени. Граѓаните живеат во потполна неизвесност, велат, штом војниците на КФОРсе тука нема мир.

-Мирен ден, но само на прв поглед. Ни еден ден не е мирен ни една ноќ не е мирна. Ниту една минута не е мирна. Штом тие се тука значи нема мир. Сега пристигна и турскиот КФОР. Не гледаме никакви придвижувања во поглед на смирување на тензијата, на ситуацијата – Дејан Милановиќ, локален жител.

Српските медиуми јавуваат дека косовската полиција на преминот Јариње му забранила влез на возилото Поштата на Србија. Бројот на камиони кои чекаат на премини Мердаре, Јариње и Кончуљ, постојано расте. Косовскиот премиер Албин Курти го нарече апсењето на тројцата косовски полицајци, „киднапирани на територијата на Косово“, додека Белград тврди дека тие биле „уапсени“ на српска територија. Стејт департментот со повик за смирување на тензиите и најава за засилување на безбедноста на границата со Србија додека двете држави разменуваа обвинувања за испраќање вооружени луѓе.

-Ние веруваме дека Косово и Србија мора да преземат итни чекори за деескалација на тензиите. Тоа вклучува безусловно ослободување на тројцата неодамна приведени косовски полицајци. Ние веруваме дека двете страни мора да го следат планот од три точки што беше наведен од ЕУ без одложување. Како дел од ова, како што претходно разговаравме, премиерот Курти и неговата влада мора да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат своите преодни должности од алтернативни локации и да ги повлечат полициските сили од околината- Метју Милер, портпарол на Стејт департментот

Курти не е воодушевен од повикот на Борел, за нова средба со српскиот претседател Вучиќ, вели, присуството на косовската полиција на север ќе се намали само кога „криминалните групи“ ќе ја напуштат таа област. По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово, што дополнително ги затегна односите меѓу Белград и Приштина. Во меѓувреме, трета недела по ред граѓаните на северот на Косово протестираат пред општинските згради во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.

 

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе