Вести Свет Топ вести

Америка бара од Белград да ги ослободи косвските специјалци, од Приштина – градоначалниците да работат од алтернативни локации

САД очекуваат Приштина и Белград да преземат итни чекори за деескалација на тензиите и да го следат планот од три точки претставен од Европската унија, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Според него, како дел од ова, Приштина мора да обезбеди градоначалниците Албанци да ги извршуваат своите преодни должности од алтернативни локации, како и да ги повлече полициските сили од север.

Стејт департментот очекува и „безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци уапсени од Србија“.

„Сметаме дека и Косово и Србија мора да го следат планот од три точки претставен од ЕУ“, рече Милер.

Стејт департментот ја повтори својата осуда за „насилството врз војниците на КФОР предводени од НАТО, агенциите за спроведување на законот и новинарите“.

Најавено е и дека САД во моментов не сакаат да зборуваат за можни санкции и дека фокусот е на страните да преземат чекори за деескалација на тензиите.

„Остануваме ангажирани од двете страни, како и со партнерите во регионот. Државниот секретар Ентони Блинкен разговараше со партнерите во регионот, а исто така и советникот Дерек Шол, како и други“, рече Милер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе