Вести Свет

Рекордни 108 милиони раселени лица во 2022 година – извештај на УНХЦР

Војната во украина, заедно со конфликтите на други места и климатските промени, направија повеќе луѓе од кога било порано, да бидат раселени од своите домови минатата година, зголемувајќи ја нужноста за итна, колективна акција за ублажување на причините и влијанието на раселувањето, соопшти денеска УНХЦР, агенција за бегалци на Обединетите Нации (ОН).

Водечкиот годишен извештај на УНХЦР, глобални трендови во присилното раселување за 2022 година, покажа дека до крајот на 2022 година, бројот на лица раселени поради војна, прогон, насилство и прекршувањата на човековите права изнесува рекордни 108,4 милиони, што е за 19 милиони повеќе во однос на претходната година и е најголем пораст досега.

Растечкиот тренд на глобалното принудно раселување не покажа знаци на забавување годинава, бидејќи распламтување на конфликтот во Судан предизвика нови раселувања, а со тоа глобалниот вкупен број се искачи на проценети 110 милиони до мај.

Од вкупниот број, 35,3 милиони беа луѓе кои минале меѓународна граница за да најдат безбедност, додека поголем дел – 58 отсто, односно над 62 милиони луѓе беа раселени во нивните матични земји поради конфликти и насилство, соопшти УНХЦР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе