Вести Свет

Рама ја откажа заедничката седница со Курти

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа соопшти дека средбата меѓу владите на Албанија и Косово планирана за денеска е откажана, бидејќи нема договор со косовскиот премиер Албин Курти, а земјата оди кон санкции од меѓународната заедница.

Според Рама Косово е во ситуација на заострување на односите со целата евроатлантска заедница.

Тој информира и дека побарал од Курти денеска да се сретнат во потесен формат и да разговараат за ситуацијата но дека за ваквото негово барање не бил постигнат договор.

Албанскиот премиер дообјасни и дека средбата меѓу двете влади не е можна бидејќи Косово оди кон санкции и дека неговата земја е целосно против начинот на кој сега дејствува косовската влада.

И портпаролот на ЕУ, Петер Стано, потврди дека кабинетот на шефот на европската дипломатија споделил со земјите-членки на ЕУ нацрт мерки што треба да се преземат доколку премиерот Курти не преземе соодветни и итни чекори за деескалација на ситуацијата и намалување на тензиите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе