Вести Свет

Мајка во Австрија го измачувала својот 12-годишен син – со месеци го чувала во кафез и му фрлала студена вода

32-годишна жена во Австрија го малтретирала својот 12-годишен син, држејќи го затворен во кафез. Таа била проведена уште во ноември, а според обвинението, осомничена е за обид за убиство, бидејќи своето дете го затворила во кафез, го чувала на температури под нулата и го изгладнувала и го полевала со студена вода, а животот на момчето бил во опасност кога пристигнал во болница.

Таа била уапсена откога социјален работник се јавил на 911 на 22 ноември. Вработените во Итната помош го пронашле момчето во хипотермична и коматозна состојба. Центарот за социјални работи интервенирал откако наводно биле алармирани од таткото на момчето, кој живее одвоено.

Момчето имало телесна температура од 26,8 степени и било блиску до смртта откако било мачено со месеци, соопштија од полицијата.

Момчето итно било пренесено во болница, а мајката била уапсена следниот ден.

„Мајката е осомничена дека врз синот истурала студена вода неколку пати на ден и ги отворала прозорците неколку часа, додека температурите надвор биле под нулата“, рече Баумшлагер.

„Момчето сега физички се опорави, но сè уште е психички скршен“, додаде тој.

Мајката се жалела на повеќемесечниот притвор, но Врховниот суд ја одбил нејзината жалба.

Случајот треба да продолжи до крајот на летото, кога ќе биде донесена одлука за обвинение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе