Вести Македонија Топ вести

За Бугарите е брутален чин на насилство врз македонски државјанин со бугарска самосвест – нападнат претседателот на струшкото Здружение на Бугари „Шемето“

Бекир Кадриески, претседател на струшкото Здружение на Бугари „Шемето“, бил физички нападнат во центарот на Струга поради, како што објави бугарскиот портал Нова, неговиот бугарски идентитет.

Порталот Нова објави дека Кадриески бил соборен на земја, бил удиран со раце и клоци и бил навредуван со зборовите „валкан Бугарин“. Во веста на медиумот се наведува дека претседателот на „Шемето“ е државјанин на Македонија, има бугарски идентитет, но не и бугарски пасош.

Случајот е пријавен и потврден од СВР Охрид.

Покрај медиумите во Бугарија, со реакција за случајот се огласи и партијата ГЕРБ на Бојко Борисов која го окарактеризира инцидентот како брутален чин на насилство врз државјанин на „Република Северна Македонија со бугарски идентитет“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе