Вести Македонија Топ вести

ИСППИ: Акредитирани сме за психолошки тестови за судии

Ќе се одблокира ли изборот на 40-тина судии заглавен поради психолошките тестови и тестовите за интегритет? – Во Институтот за акредитација нема акредитирано ниту една институција за вакви тестови, но од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, кој со години ги врши овие тестирања, за Телма уверуваат дека тие се акредитирани и лиценцирани искусни психолози за вршење психолошка дејност и дека користат стандардизирани тестови, но дека Институот за акредитација не е надлежен за нивна акредитација.

Судовите чекаат нови судии, судски совет чека решение, но никој за сега не открива како ќе се надмине блокадата за избор на судии. Законот за судови бара акредитирана институција за вршење на психолошки тестови и тестови за интегритет, а директорот на Институтот за акредитација за Телма потврди дека кај нив досега никој не се акредитирал за вакви тестови.

Од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, кој од 2015 година ги тестира судиите, за Телма велат дека тие се вистинската адреса за психолошките тестови. За Телма објаснуваат дека се акредитирани по сите основи и дека нивниот психолошкиот тест е стандардизиран од Комората на психолози, но дека нема потреба да биде акредитиран во Институт за акредитација.

На Институтот постои Психолошка лабораторија која се формира за практично изведување на наставно-образовната, научно-истражувачката, уметничката и апликативната работа. Тестот е стандардизиран врз основа на научно-истражувачка дејност, а неговото спроведување како во случајот со судиите, влегува во апликативната дејност, објаснуваат од Институтот за Социолошки и политичко-правни истражувања.

„ИСППИ е акредитирана установа за психолошко тестирање, затоа што во психолошката лабораторија работат психолози со валидини лиценци издадени од Комората на психолози на РМ за вршење на психолошка дејност.   Психолошкиот тест на личност и интегритет што се применува за потребите на Судски совет е меѓународно признат тест одобрен од Секција за психолошки тестови и Управниот одбор при Комората за психолози на РМ. Овој тест воедно се применува во сите земји од земјите членки на ЕУ и ОЕЦД“, информираат од Институт за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ).

Од судски совет чекаат одговори и решение од владaта. Институтот со години е партнер на советот за тестирање на судии и членови на советот. Досега имаат склучено два договора и повеќе анекси, сè до лани кога последниот анекс не го потпишала екс-претседателката Дамева поради отсуство на акредитирана институција и новиот претседател Сашко Георгиев за сега не го потпишува и бара одговори. Се чека решение од владата.

Во моментот се блокриани избори за 40-тина судии, меѓу кои и избор на осум судии за скопска Апелација по оглас стар две години. Дополнително, засега на пауза се ставени и изборите за 30 кандидати од Академијата за судии и јавни обивнители. Тие поминале вакви тестови во академијата, па од судскиот совет размислуваат дали да им важи тестот од академијата и при нивниот избор во судовите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Дејан Дејан

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

Дејан Дејан

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе