Вести Македонија

Со експлозив разнеле банкомат во Бутел, но не успеале да ги одземат парите

Парчиња делови од изгорен банкомат на земја, а околу него толпа од граѓани кои зачудувачки се обидуваат да дознаат што се случило таму. Полицијата истражува.

Четири лица изутринава отишле со возило пред банкомат на НЛБ банка во Бутел и поставиле експлозивна направа. Имале намера да одземат пари, но не успеале. Од Министерството за внатрешни работи велат дека рано утринава во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено за случајот и во моментов се работи на негово рачистување.

Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од Министерство за внатрешни работи.

Денешниот случај е на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“.

Изминатата година во декември имаше сличен ваков случај, кога вооружени лица со оружје се заканувале на обезбедувањето во трговски центар во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати во близина.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе