Парчиња делови од изгорен банкомат на земја, а околу него толпа од граѓани кои зачудувачки се обидуваат да дознаат што се случило таму. Полицијата истражува.
Четири лица изутринава отишле со возило пред банкомат на НЛБ банка во Бутел и поставиле експлозивна направа. Имале намера да одземат пари, но не успеале. Од Министерството за внатрешни работи велат дека рано утринава во 03:38 часот во СВР Скопје е пријавено за случајот и во моментов се работи на негово рачистување.
„Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Денешниот случај е на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“.
Изминатата година во декември имаше сличен ваков случај, кога вооружени лица со оружје се заканувале на обезбедувањето во трговски центар во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати во близина.
Тамара Марковска