Вести Македонија

Aнкетата на НДИ: Ако утре се одржат избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто од испитаниците, додека за СДСМ 13,9 насто

Според анкетата на НДИ, доколку утре се одржат парламентарни избори во убедливо водство е опозицикста ВМРО-ДПМНЕ, додека во албанскиот блок води ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ би ја поддржале 21,5 отсто од испитаниците, додека за СДСМ би гласале 13,9 насто.

Во анкетата, се јавуваат уште две партиии од македонскиот политички блок, левица со 2,9 отсто и движењето на максим димитриевски, за кое се определиле 1,7 отсто од испитаниците.

ДУИ има 6,2 отсто, пред Беса со 3,6 и Алијанса за Албанците со 3,4 насто.

16,7 отсто одговориле дека нема да гласаат, а 2,2 отсто дека ќе го поништат гласачкото ливче.

Анкетата е направена лице во лице, на илјада и три испитаници во периодот од 13 до 24 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе