Вести Македонија Топ вести

Обвинувања за хајки и извртување на факти и судир на интереси – Судски совет во нова епизода со кавги

Пресудата за Таргет Тврдина ќе ја читаат членовите на судскиот совет пред да одлучат дали има судир на интереси кај екс претседателката Весна Дамева чија сопруг бил оштетен а таа гласала за отворање на постапка за одговорност на судијата Енвер Беџети од скопска апелација затоа што неоправдано долго го држел предметот  без одлука.

Расправата за ова прашање се одложи затоа што дел од членовите инсистираа да добијат повеке податоци но другиот дел и без да ги чекаат тие информации кажаа свој став и обвинувања за Дамева.

Таа им порача дека не е на обвинителна клупа  но дека  постапила согласно законот за судски совет и веднаш штом разбрала го известила судскиот совет. Кавгите и тензичната атмосфера не изостанаа и на денешната седница

Се судрија и двете екс претседателки на советот кои на заминување обвинуваа за хајки и притисоци.

Црвенковска и порача на Дамева дека не следи работа на каратисти туку на судии и требала да си праша по дома дали имаат судски предмети во кои може да настане судир на интереси.

Дамева пак потсети за постапката што антикорупциска ја водеше за анкетниот лист на Црвенковска.

Дел од членовите судии бараа од претседателот на судски совет да не дозволува седницата повторно да се претвора во циркуз и обвинувања.

Освен за комисијата поврзана со судијата Беџети второто известување е поврзано со незјиното члнување во комисија која рангира судии за унапредување а кои суделе предмети во кои е инволвирана компанијата на чие чело е нејзиниот сопруг.

Дамева ги уверуваше колегите дека нема простор за сомнеж за нејзина непристрасност и професионалност.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе