Вести Македонија Топ вести

(ФОТО) Пристигна конвој со новите лесни оклопни возила „JLTV“ наменети за македонската Армија

Министерството за одбранасоопшти дека во земјава пристигна воен конвој со новите возила на Армијата – лесните оклопни возила „JLTV Oshkosh“, кои се од американско производство.

Тие се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а досега се пристигнати 32 возила од овој тип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе