Вести Македонија Топ вести

Агелер: Досегашниот пат на Македонија не беше лесен – претстојат тешки одлуки

Денеска се одбележува првата годишнина од стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД и по тој повод шефот на дипломатијата Бујар Османи и амбасадорката на САД, Анџела Агелер испратија честики во нивното заедничко видео обраќање.

За Османи дијалогот е значајна пресвртница во севкупните билатерални односи и логичен чекор напред по безмалку 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи за кои смета дека стануваат се подлабоки и се поцрвсти.

Амбасадорката Агелер пак ја истакна важноста на стратешкиот дијалог и посочи дека патот на Македонија до овој клучен момент не бил лесен но и дека претстојат тешки одлуки. Агелер потенцираше дека САД, секогаш биле и ќе бидат постојан поддржувач и најголем пријател на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе