Вести Македонија Топ вести

Мицкоски нема да разговара со Ковачевски за уставни измени, туку за избори?!

Мицкоски нема да оди на средба со Ковачевски за да разговара за уставните измени, туку за тоа што ќе се случува потоа. Повтори дека, уставните измени ќе завршат лошо, затоа што власта нема да успее да обезбеди двотретинско мнозинство и тогаш мора да се има план.

На прашањето, дали во таков случај би коалицирал со ДУИ, Мицкоски одговори дека е време интегративците да заминат во опозиција. Го повтори ставот дека „СДСМ е во брутално заложништво на ДУИ, кои ја имаат киднапирано оваа партија, поточно неколкумина од раководството.Нивната „целосна сервилност„ кон ДУИ, за него е феномен и нов пример на македонската политичка сцена.

Социјалдемократите, пак, него го обвинуваат дека е во заложништво на Левица.

Премиерот го покани Мицкоски на средба преку медиумите, а тој на истиот начин ја прифати. Официјален договор за место, време и потенцијални теми з аразговор, сѐ уште нема.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе