Вести Македонија Топ вести

Зад гласачките паравани се крие одговорот – кој ќе биде нов ректор на УКИМ избран од академската фела

Гласачката кутија на среде, а зад параванот сокриени одговорите – кој ќе биде избран од академската фела?! Професори, доценти, студенти, по три години повторно имаат главен збор околу тоа кој да биде ректор на УКИМ. Досегашниот ректор Јанкуловски ја извршуваше функцијата во два мандати и со тоа сега нема право да се кандидира. Новото име ќе биде еден од шестмината доктори на науки од различни научни подрачја. Кандидати се професорите Атанас Кочов од Машински, Ратко Дуев и Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Христина Спасевска и Димитар Ташковски од ФЕИТ и Биљана Ангелова од Економскиот институт. Гласањето започна точно напладне, а кутиите затворени во 14 часот. На гласачките места по факултетите уште од почеток беше доста раздвижено.

Се надевам на голема излезност. Ние од Правниот факултет можеме да кажеме дека сѐ е во најдобар ред. Прописите се почитуваат, вели професорот Александар Климовски.

До крајот на денот ќе се пребројат ливчињата и победникот на изборите ќе може да прима честитки, но тука не застанува процедурата. Ако постојат забелешки за изборниот процес, ќе има рок и за жалби од страна на кандидатите, а во исклучитени случаи и прегласување. Методологијата за тоа како ќе се пресметува кој ја има поддршката од академската фела, ја појаснуваат од Универзитетската изборна комисија.

Се зема бројот на важечките ливчиња и се зема бројот најпрво колку има самиот кандидат. На пример, ако еден кандидат има 80 гласа, а изборната единица има 80 членови во избирачкиот список, во тој случај ќе имаме 80 поделено со 80, помножено по 2 и помножено по 100. Ако сите гласаат за еден кандидат, вкупниот број на поени од една единица е 200 поени, рече проф. д-р Родна Живковска, претседател на универзитетската изборна комисија.

И студентите се дел од процесот и имаат свои пораки до идниот избран ректор. Повеќе да мисли на студентите и подобро да го води УКИМ до скок на листите на светските универзитети.

Како најпрво, да се зголеми научно-истражувачката дејност затоа што преку таквите дејности на некој начин ќе се придонесе и за подобрување на статусот на УКИМ на светските ранг-листи. Од социјален аспект и од аспект на студентите ако е можно да се укине или намали школарината, затоа што знаете дека Македонија во најголем дел е социјална држава, вели студентот Бојан Стојановски.

По објавување на резултатите, ќе биде доставен записник и одлука до кандидатите за ректор. Од утре, па до 5 јуни е рокот за приговори, кој кандидатите може да ги испратат по електронски пат до Универзитетската изборна комисија и во архивата на УКИМ. Одлуки по приговорите ќе има за една недела.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот на матичен гинеколог и редовните прегледи се клучни за женското здравје

Дејан Дејан

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе