Вести Македонија Топ вести

Несоодветна ревизија и лажни наоди за криминал, тврди разрешената директорка на „Детска радост“

Разрешената директорка на градинката „Детска радост“ во Гази Баба, Анета Петровска, целосно ги демантира сите наводи дека работела незаконски и коруптивно и тврди дека доказите се на нејзината страна. Не нарачувала храна и не купувала мебел за потребите на менаџментот, а на име на градинката и не користела службеното возило за приватни цели.

Вели дека сѐ што е купено, е според планот за јавни набавки. Ова доаѓа, откако градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, ја обвини за криминал и ја разреши, пред Министерството за труд и социјална работа да му ги одземе ингеренциите и да ја поништи неговата одлука. Разрешувањето од негова страна е базирано на ревизорски извештај, кој според одбраната на разрешената директорка, не е спроведен соодветно од страна на приватна ревизорска куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе