Вести Македонија Топ вести

Пожар под мостот од Ист Гејт кон Железничка, сообраќајот е во прекин во двете насоки

Мостот кој води од Ист Гејт мол кон Железничката станица Скопје утрово е затворен за сообраќај, поради пожарот што избувнал ноќеска околу полноќ.

Пожарот е локализиран утрово околу 4 часот, но сообраќајот е во прекин, бидејќи сè уште трае увидот.

„Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) на Град Скопје ги известува граѓаните дека во моментов за сообраќај во двете насоки е затворен мостот кај Нова железничка станица, од крстосницата со улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ и улица „Никола Карев“ до крстосницата меѓу улица „Беласица“ и булеварот „Гоце Делчев“. Сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен изменет режим, па сега возилата се пренасочуваат по околната сообраќајна улична мрежа“, се вели во соопштението на ЦУКС.

Регионалниот ЦУК Скопје, повикувајќи се на информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, пренесува дека ноќеска во 23:57 часот е настанат пожар на опожарена електрична инсталација, топловодна инстлација и оштетен е мостот „Беласица“ на улица „Беласица“, во близина на ТЦ „Ист Гејт“ во близина на бензинска пумпа „Макпетрол“.

„Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникари со 8 противпожарни возила, а била зафатена површина од 2.000 м2. Пожарот целосно е изгаснат во 4 часот. Од ЦУК за настаната состојба биле известени сите надлежни институции што посредно и непосредно имале инсталација на мостот и во близината на мостот што беше зафатен со пожарот. Конкретно, известени се МВР кои целосно го блокираа сообраќајот на мостот, бензинска пумпа Макпетрол, АД „Гама“ Скопје кои беа на лице место и утврдија дека немаат гасоводена мрежа што поминува на овој потег, Македонски железници коишто во одреден временски период на трање на пожарот го исклучи напојувањето со електрична енергија, ЕВН Македонија, АД ЕСМ „Балкан Енерџи Груп“, бидејќи имаше оштетено дел од цевките за парно греење и истите пратија екипа за санација на цевките. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени“, информираат од регионалниот ЦУК Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе